ПСЖ победи со 3:1 на гостувањето кај Мец, Мбапе постигна два гола, но во 87-та минута мораше да го напушти теренот. Тој се повреди, а по мечот тренерот на францускиот тим Покетино изјави дека со патерици заминал.
а по завршувањето на натпреварот, Покетино ги откри првите детали кога станува збор за повредата, иако нејзината тежина се уште не е позната.
-Мбапе доби удар во квадрицепсот. По натпреварот одеше со патерици, но се надеваме дека повредата не е премногу сериозна, изјави Маурисио Покетино.
Повредата е во лош момент бидејќи за четири дена ПСЖ на домашен терен го пречекува Манчестер Сити во првиот меч од полифиналето во ЛШ.