Ноќеска во 3 часот во с. Ново Село, Струмица избувнал пожар во пилана со погон за производство на столици.

Од ТППЕ Струмица излегле на терен со 4 ПП возила и 10 пожарникари.

Пожарот бил целосно локализиран и ликвидиран околу 6 часот утринава, додека пак причинета е голема материјална штета. За среќа нема повредени или настрадани лица.