Колку е голем очајот во СДС се гледа во тоа што вадат сметки стари 8 години за да манипулираат за претседателот Мицкоски и министерката Кочовска, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Мартин Костовски.

Додаваат дека ако имало било што за Мицкоски и Кочовска, СДС со зурли и на тапани изминативе 8 години ќе го објавеле и процесуирале.

„СДС манипулира со сметки, затоа што се очајни и не знаат каде тераат. Ако зборуваме за сметки и кафански ручеци и хотелски сместувања, првото место оди за СДС, нема да се спуштаме на тоа ниво да докажуваме кој што правел, доволно е да се погледне од Бисера Антоанета, преку Маричиќ па надолу. Зошто е очајот голем? Голем е затоа што за првпат во Македонија нивото на инвестиции е над 1.2 милијарди евра, се покачија плати и пензии“.

СДС гледа дека нивната политика е поразена одамна, а падот во рејтинг не им престанува иако се длабоко во опозиција, истакнуваат од партијата на власт.