Колегите на Андреј од „ДНК“ со емотивни пораки се простуваат од музичарот.

„Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во мир добро човече, баш на оваа песна ви пеев пратечки вокали… Пеј како што си знаеше ти најгласно, најубаво, таму горе. Не сакам да верувам“, напиша Антониа Гиговска.

„Приказната за љубовта се состои од здраво и збогум, сè додека не се сретнеме повторно. Сите бевте ангели на земјата, ми беше огромна чест што ве познавав и живеев во вашето време. Сара, Андреј, Џоко и Филип“, се вели во објавата на Весна Петрушевска.

„Кажи ни како без вас да бидеме, кога ни требате, кога ни требате… пејте ни од горе … Ќе ве слушаме“, напиша Ивона Јо.

„Најмангуп беше од сите. Срце планина. Толку искрен и реален. Секогаш ќе те памтам по твојата насмевка и блесава смисла за хумор“, напиша Тамара Тодевска.

Текстот „Голем човек, големо срце, голема загуба“, „Секогаш ќе те памтам по твојата насмевка и блесава смисла за хумор“, колегите се простуваат од Андреј „ДНК“ е превземен од МАКФАКС.