Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на УС Опен откако го победи Кеи Нишикори со 3:1 (6:7, 6:3, 6:3, 6:2).
Назапирливиот Новак Ѓоковиќ првиот сет го загуби во тај-брејкот, но потоа се разигра и го совлада Нишикори.
Оваа победа на Ѓоковиќ над Нишикори, е негова 17. победа по ред во меѓусебните дуели. Ѓоковиќ со оваа победа по 14-ти пат се пласира во осминафиналето на Флашинг медоуз.
Светскиот рекет број 1 следната рунда, ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Аслан Карацев и Џенсон Бруксби.