На Новак Ѓоковиќ му остана само уште УС Опен за да ги комплетира сите грен-слем турнири оваа сезона. Засега Србинот е на пат да го стори тоа.

„Тешка борба. Најтешкиот меч за мене досега на турнирот. Нишикори беше побрз, не промашуваше и играше одлично. Ме натера да излезам од конфор-зоната, не ми оставаше многу време. Но, кога се адаптирав на тоа, се чувствував подобро. Сервирав одлично и во моментите кога ми требаше. Вложив многу труд за да победам и играв со одличен тенисер“, рече Ѓоковиќ.

Следните три сета Ѓоковиќ ги доби со 6-3, 6-3 и 6-2, а потоа со силен врисок ја прослави победата, па ја насмеа дури и публиката на УС Опен.