Партијата „Има таков народ” (ИТН) на Слави Трифонов целосно го поддржува пристапот и заложбите на Владата за воведување нова динамика во односите со Република Северна Македонија, рече денеска бугарскиот пратеник Александар Александров во изјавата во име на пратеничката група на ИТН по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
– Веруваме и убедени сме дека постојаната соработка во економијата, културата, спортот и во чисто човечките односи е во корист на двете страни, нагласи Александров.
Тој увери дека ИТН не го оспорува правото на идентитет на Северна Македонија „така, како што се чувствува”, но не поддржува наменска промена на историјата. ИТН инсистира и на почитување на Договорот за добрососедство, објави БТА, пренесува Слободен печат.
Според Александров, „Гоце Делчев е херој и на двете земји и не треба да има спорови”. Тој повика да нема „премногу возбудени пораки” за тоа колку работи ги делат двата народа, туку да размислиме за она што не обединува.