Центарот на Јута џез, Руди Гобер потпиша нов петгодишен договор со тимот од Солк Лејк Сити вреден 205 милиони долари.
Ова воедно е трет најголем договор во историјата на НБА, по тие на Јанис Адетокумпо и на Расел Вестбрук, а во исто време е „најтежок“ за еден центар.
– Ова значи дека Јута ветува во мене. Веруваат во тоа што го градевме изминатите години – изјави Гобер по потпишување на договорот.
Центарот откри дека можел да побара супермаксимален договор вреден 228 милиони долари, но не сакал да го направи тоа за да може клубот да му даде нов подобар договор на Донован Мичел.
Кои кошаркари имаат најголеми договори НБА, Леброн не е ниту во топ 10
– Мојата цел отсекогаш била да ја освојам титулата. Не сакавме да ги започнеме преговорите така што ќе барам супермаксимален договор, сакав да му покажам на клубот дека не е се во парите, туку во процесот да продолжиме да го засилуваме планот и да на крајот да дојдеме до титулата. Сепак со новиот договор сакав да ги обезбедам стабилност и мир, да не мислам на преговорите – додава Гобер.
Донован Мичел неодамна потпиша петгодишен договор вреден 163 милиони долари кој може да се „зголемите“ до 195 милиони доколку бекот биде избран во една од најдобрите три петорки во НБА во претстојната сезона.
Руди Гобер кој е двоен добитник на признанието за најдобар одбранбен играч во НБА лигата, минатата сезона имаше просек од 15.1 поени, 13.5 скокови и две блокади по натпревар.