Исплашен и разочаран, со солзи во очите 52-годишниот Зоран Нацевски од Скопје пред камерата на „Алфа“ раскажува низ какви маки маки поминал за да биде хоспитализиран, но и за пеколните моменти поминати во болница, особено првите три дена во ковид центарот на Клиниката за ОРЛ. Вели го живее вториот живот иако 26-дневната битка во ковид-центар со кислородна поддршка остави трајни последици врз неговото здравје.

Нацевски од срце се заблагодари на неговите најблиски роднини и пријатели, за како што вели вториот живот го живеам благодарение на нив и на медицинскиот персонал.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.