Славната холивудска актерка Шерон Стоун, во својата книга „The Beauty of Living Twice“ откри дека во далечната 1995 година од свој џеб му го платила хонорарот на Леонардо Дикаприо, бидејќи студиото не сакало да го ангажира за улогата во филмот и да го плати тој трошок.
Меѓу неговиот прв филм „What’s Eating Gilbert Grape“ во 1993 година, но и во „Титаник“, кој се случи во 1997 година, и покрај фактот што во тој период веќе бил номиниран за Оскар, Леонардо Дикаприо не можел да ја добие улогата во филмот „The Quick and the Dead“.
Шерон Стоун во своите мемоари наведе дека Дикаприо бил маестрален на аудицијата, и дека таа сметала дека тој е единствениот вистински избор за оваа улога. Но „TriStar Pictures” студиото одбило да го ангажира и плати актерот.
„Ми рекоа тогаш дека секогаш си пукам во својата нога и дека тие не се сигурни дали Леонардо би бил добар избор, иако ги молев да го ангажираат“, напиша актерката.
„Подоцна ми рекоа сама да го платам, доколку толку го сакам во филмот, па јас токму тоа и го сторив“, наведе Шерон.
Како што објасни, таа тогаш дел од својот хонорар му го уплатила на Дикаприо, и на тој начин му овозможила да биде во споменатиот филм.
Слично било и со режисерот Рејми, за кој студиото верувало дека е лоша класа на режисер.
„Ги уверував дека е добар и дека ќе работи речиси за џабе, бидејќи тој само сакаше да биде дел од овој проект“, напиша Шерон Стоун. „На крајот, тие се согласија и со тоа“.