Подолго време го немаше во јавноста, а потоа одеднаш се појави на Форум за Дипломатија кој се одржуваше во Турција. Заедно со екс министерот за здравство Венко Филипче, поранешниот премиер Зоран Заев на покана на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган беше дел од Форумот за дипломатија кој викендов се одржува во Анталија, објави ТВ21.
Во рамките форумот, Заев имаше средби со мандаторот за состав на нова Влада во Црна Гора, Дритан Абазовиќ, потоа со Столтенберг, па со бугарскиот премиер Петков, турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу.
ТВ21 од извори од кабинетот на поранешниот премиер, дознава дека Заев не планира да се повлече од јавноста. Според нашите информации, тој работи на формирање на фондација „Едно општество за сите. А, токму присуството на Форумот за дипломатија во Турција на некој начин ги потврдува овие информации, каде е искористена можноста за меѓународна промоција на ваквата идеја, но и опипување на меѓународниот импулс по ова прашање.
Освен Заев, ТВ21 тврди дека во тимот е поранешниот министер за здравство Фенко Филипче, потоа истакнати интелектуалци, професори, бизнисмени, поранешни министри, луѓе од невладиниот сектор, поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ и луѓе од сите етнички заедници во Македонија.