Семејството Глејзер решило да го продаде Манчестер Јунајтед поради се поголемите протести на фановите и нивните барања Американците да заминат. На вчерашниот протест дури го запалија и американското знаме.
Според информациите кои ги објави „Мирор“, семејството Глејзер веќе ги контактирало советниците за да видат како да ја забрзаат продажбата.
Инаку, пред 16 години семејството Глејзер го купи Манчестер Јунајтед за 900 милиони евра, а сега цената е одредена на 5 милијарди евра. Прашање е дали вреди толку, бидејќи по доаѓањето на Американците, овој клуб не постигна нешто многу значајно.