Државниот инспекторат за труд го завршил надзорот во Министерството за политички систем и утврдил дека министерот Артан Груби го прекршил Законот за заштита на населението од заразни болести затоа што како одговорно лице ја дозволил прославата без маски, објави телевизија „Телма“.
Инспекторите веќе му го врачиле прекршочниот платен налог од 500 евра на Груби, а за институцијата согласно законот за прекршоци нема глоба. Вицепремиерот Груби казната треба да ја плати за 8 дена.
Претходно министерот Оливер Спасовски истакна дека сите кои седеле на масата биле казнети прекршочно, а за кривична одговорност треба да одлучи обвинителството.