Мора да им дадеме време на нашите пријатели од Република Северна Македонија да одлучат дали сакаат да влезат во Европската унија или не. Ова денеска на брифинг во бугарското МНР го изјави Желјазко Радуков, главен експерт во министерството, пренесува Трибуна.

„На 17 јули годинава започнавме процес за враќање на довербата што Република Бугарија ја изгуби во Република Северна Македонија. Овој пат пред нас нема да биде лесен, нема да биде краток. Довербата полека се враќа, но првите чекори се охрабрувачки. Во оваа фаза гледаме како двете земји ги исполнуваат меѓусебните обврски. Се надеваме дека така ќе продолжи, сметаме дека ова ќе продолжи, бидејќи ние и РСМ сме заинтересирани за што поблиски добрососедски односи и партнерство во рамките на Европската Унија“, додава Радуков.