Република Северна Македонија треба да ги исполни своите обврски за да напредува на патот кон Европската Унија. Ова го изјави бугарскиот премиер Димитар Главчев на состанокот на Европскиот совет, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

Премиерот ја покрена темата пред своите европски колеги во Брисел во врска со случувањата во Република Северна Македонија во последните недели.

Главчев го привлече вниманието пред сериозните предизвици што се појавуваат во однос на европската перспектива на земјата кандидат за членство во ЕУ. Шефовите на држави и влади уште еднаш ја истакнаа важноста на добрососедските односи, потребата земјите кандидати за членство во ЕУ строго да ги исполнат своите обврски кон ЕУ и неопходните реформи.