Денеска ќе присуствувам на средба во Брисел со тема Западен Балкан. Нашата позиција таму нема промена , таа се темели на принципи . Договорена е со т.н компромис од 2022 година . Се разбира дека компромисот беше направен од нас. Истиот е потпишан од сите земји членки на ЕУ. Не гледам причина да се прават било какви отстапки од тоа . Ова во почетокот на денешната седница во бугарската Влада го изјави бугарскиот премиер Димитар Главчев.
,,Не е нормално земја што е кандидат за член на ЕУ да поставува услови на држава што веќе е член . Во принцип кога некој сака да стане дел од нешто треба да ги почитува правилата кои што веќе се воспоставени . Правилата не се прилагодуваат кон оној кој што е кандидат. Тоа би било апсолутен преседан и е во колизија на принципите со ЕУ, за почитување на правата на човекот, правата на малцинствата и др. Најмалата препрека пред РСМ е компромисот од 2022 година , ако воопшто може да се нарече препрека. Тие продолжуваат да не ги исполнуваат и другите критериуми”, посочи Главчев.