Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на прес конференција посочи дека претседателот на државата, Стево Пендаровски утре ќе му го додели мандатот на новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Џафери посочува дека по ова течат роковите за состав на Влада и програма.
„Најверојатно седница во Собранието за гласање ќе биде на 15 и 16 јануари“, изјави Џафери.