Професорот Ванчо Ѓорѓиев, кој поднесе оставка од Мешовитата комисија за историски и образовни прашања со Бугарија за „Тема на денот“ на Сител, вели дека висок претставник на МНР понудил идеи за решение за Цар Самоил кое ги асполвира погледите и ставовите на бугарската историографија и притоа се занемаруваат ставовите на македонската историографија.
„Темата за која разговаравме беше Цар Самоил. Белешките кои ги разменувавме отстапуваа од сето она кое досега е разговарано, а предлог идеите кои беа понудени од високиот функционер на МНР се разликуваат од она што е дискусија водена цела година по тоа прашање. Ги асполвира погледите и ставовите на бугарската историографија и притоа се занемаруваат ставовите на македонската историографија. За моето тврдење постои документација, записниците, а приказната и темата за која говориме е тема долга повеќе од една година, еден ден јавноста ќе види кој какви ставови застапувал“, рече Ѓорѓиев.