Претседателот на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев од македонска страна, во емисијата Топ тема изјави дека одлуката за заедничко чествување на Гоце Делчев, меѓу Северна Македонија и Бугарија е политичка и додава дека историската комисија нема никаква улога во носењето на истата.
Според Ѓоргиев оваа одлука е гест на добра волја од страна на двете влади, за да ја релаксираат политичката атмосфера во двете земји.
„Јас овој политички гест го гледам како добра волја, како политичка волја на двете држави да ја релаксираат политичката атмосфера, во однос на тие најчувствителни горливи теми што постојат, додава тој.