Копретседавачот со мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања Драги Ѓоргиев во интервју за Радио Слободна Европа го објаснува терминот „бугарски фашисти“. Како што вели тој, за вакво нешто не може да се зборува, бидејќи Бугарија не била фашистичка земја. Може да се зборува, вели Ѓоргиев за окупација или инвазија, но не и за бугарска фашистичка окупација.
-Може да се користат термините окупација, инвазија, па дури и анексија, меѓутоа не и терминот бугарска фашистичка окупација, зашто Бугарија не била фашистичка земја, профашистичка да, меѓутоа фашистичка не, вели за РСЕ копретседателот на заедничката комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев.
Повеќе на Радио Слободна Европа.