Евроамбасадорот Дејвид Гир презентирајќи го Извештајот од Европската комисија не кажа ништо поинакво што во изминатиов период наназад не сме го слушнале. Тој го повтори ставот од Европската комисија дека првата Меѓувладина конференција би требало да се одржи кон крајот на годинава, но не кажа ништо конкретно што доколку повторно вратите на Унијата останат затворени за Македонија.

„Јасно е дека има одлука да се почнат преговори и сите треба да се потрудат сега работиме на тоа до крајот на годината и во иднина да продолжиме со работа како што се отвораат групи и поглавја и како што се водат преговорите. Целта останува целта е да се отворат преговори што поскоро, во надеж дека тоа ќе биде до декември“, истакна Дејвид Гир.

Вицепремиерот Никола Димитров рече дека Македонија ги исполнува условите за почеток на преговорите дури и повеќе од некои земји кои веќе ги почнале преговорите. Сепак потсетува дека за почеток на преговорите потребен е консензус од сите земји членки на Унијата. Бугарија не блокира на тој пат што влијание на меѓусебните односи но и на кредибилноста на Унијата, вели Димитров.

„Тоа се разбира влијае на нас, влијае на македонско-бугарското пријателство и влијае на политиките на целата Европска унија кон целиот регион. Кога една земја членка поради прашања што немаат тесна поврзаност со копенхашките критериуми ќе го стопира процесот, а Европската комисија вели време е да се направи чекор тоа се разбира влијае на релевантноста“, посочи Никола Димитров.

Инаку бурни реакции во јавноста предизвика и изјавата на еврокомесарот Оливер Вархеи кој вчера одговарајќи на прашања на европратеници на Комитетот за надворешни работи рече дека Андреј Ковачев му е таен советник во решавањето на прашањето со Македонија. На ова еврокомесарот Гир рече дека изјавата на Вархеи е во насока дека одржува контакти со сите за да се реши ова прашање.