Евроамбасадорот Дејвид Гир при денешната посета над велешка езеро „Младост“, каде ЕУ финансира досега најголем проект за Велес „Смарт езеро Младост – прва иновативна туристичка дестинација во земјава“, одговарајќи на новинарско прашање дали ЕУ може да го помогне процесот на обновување на опожарената шума над велешко езеро, рече дека засега не може да даде никакво ветување.
– Не можам да дадам сега никакви ветувања и заложби бидејќи сите знаете дека тоа вклучува долготраен процес, но секако претставува добра идеја. Самиот ваков проект покажува дека и покрај тој голем шумски пожар кој уништи многу од околината над велешко езеро „Младост“ сепак може да се претвори во убаво место. Воедно да придонесе и кон локалниот економски развој, потенцира Гир.
Инаку, во големиот шумски пожар кој ја зафати боровата шума над велешко езеро „Младост“ на 26 август 2019 година изгореа 400 хектари, од кои половината 200 хектари под квалитетна 50 годишна дабова шума.
Граѓаните и посетителите на велешко езеро „Младост забележуваат дека обновувањето на шумата од страна локалната власт и ШС „Бабуна“ иако се реализира контунирано во изминативе две години, според нивната забелешка сепак не е со толкава брза динамика со која треба да биде, а за што поскоро враќање на шумата над велешко езеро „Младост“, омиленото место за рекреација на велешани и бројни посетители од земјава и странство кои се на пропатување во негова непосредна близина.
Граѓаните бараат да се засадуваат веќе пораснати големи дрвца, за поскоро враќање на шумата, локалната заедница вели дека засега нема толку средства за нивна набавка, а за што поскоро да ја обнови опожарената шума над велешко езеро Младост“.
Таму, за жал, сè уште има цели црни реони со сè уште неотстранети опожарени црни борови дрвја кои се жален доказ на овој голем шумски пожар. Тие ја нагрдуваат околината над велешко и над новоизградениот Еко камп и Паркот на авантури кои треба да бидат пуштени до крајот на август.
Граѓаните на Велес и еколозите бараат тие што поскоро да бидат отстранети и на нивно место оваа есен да бидат засадени уште поголем број на веќе големи израснати дрвца кои побрзо ќе ја разубават неговата околина.