Европското знаме на кој било закон за кој владата смета дека може да наиде на опструкции во собранието сериозно го загрозува овој механизам кој служи за усогласување на законите на земјата со оние на Европската Унија. Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир го критикува поставувањето на европската ѕвезда на законите за коридорите 8 и 10-Д, зашто овие пет закони немаат врска со усогласување на европските стандарди.

„Го покренав проблемот со европското знаме, ова прашање е нешто што го покренувавме неколку пати, особено преку годишните извештаи, велејќи дека употребата на европското знаме треба да се прави со мерка и да се обезбеди тоа да се направи со претходни консултации, и да се користи само во случаи кои се однесуваат на усогласување на законите и практиките на ЕУ, а како што кажав сега тоа не е случај“, рече Гир.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вчера призна дека овие закони не се во согласност со правилата кога може да се користи ѕвездата на ЕУ, но рече дека тоа се прави од „политички оправдана“ одлука.

Премиерот Димитар Ковачевски поинаку ја „оправдува“ злоупотребата на знамето на ЕУ, рече дека се работи за градби кои би ја доближиле земјата до членство во Европската унија.

АЛСАТ го праша амбасадорот Гир дали ЕУ има механизми со кои може да ја спречи злоупотребата на ѕвездата на ЕУ , но тој во овој дел не одговори. Од друга страна, Христијан Мицковски од ВМРО рече дека ќе испрати писмо до сите најважни институции на Унијата бидејќи според него, „молкот“ на ЕУ отворало сомнеж дека може се работело за нешто друго.

Во последните два извештаи на Европската Комисија за земјава се нагласува потребата од користење на овој механизам исклучиво и само за законите поврзани со ЕУ. Во последните десет години со ѕвездата на Европската Унија се одобрени околу 250 закони, процедура која ја скратува расправата во собранието на само два дена.