Во врска со неодамнешните изјави на европратеникот Ангел Џамбаски за територијални претензии, амбасадорот Гир вели дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од овие изјави.

Таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ, оцени евроамбасадорот Гир.

За вчерашните забелешки кои претседателот Пендаровски ги изнесе во однос на изјавата на Џамбаски која може да се протолкуваат како закана, амбасадорот Гир истакна дека тоа апсолутно не го претставува ставот на ЕУ.

Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за било кој, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена држава.