Должината на ефикасноста на вакцината Спутник лајт ќе биде три до четири пати пократка од имунитетот обезбеден од Спутник V, изјави денеска Александар Гинзбург, директор на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја во интервју за телевизискиот канал Русија-24.
Според Гинзбург, заштитата што ја обезбедува Спутник лајт од коронавирусот, најверојатно ќе трае четири до пет месеци.
Спутник лајт, вакцина од една доза, е опишана како можно привремено решение што ќе им помогне на земјите со голема стапка на инфекција.