ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ како и против Ф.А.(62) од кичевското село Зајас, А.Н.(38) од селото Србица, Х.Б.(37) од селото Црвевци и Б.С.(36) од селото Стрелци, за сторено кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Според полицијата, првопријавениот Ф.Д. во својство на градоначалник на Кичево, во периодот од 2021 до 2025 година, свесно и со умисла, постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи и непостапувајќи согласно Законот за локална самоуправа, склучил договор за вработување со останатите пријавени лица.

Потоа, со пропуштање на должен надзор, свесно им дозволил да не доаѓаат на работа и да им бидат исплаќани плати, други надоместоци и придонеси од општинската каса и по истекот на законскиот рок не им го прекинал работниот однос. На тој начин, Ф.Д. во посочениот временски период, го оштетил буџетот на општина Кичево во износ од 130 000 евра и дозволил, другите пријавени лица да се стекнат со вкупна материјална корист во износ од околу 86.000 илјади евра од кои, секој засебно и на своја сметка, примиле различна сума пари, иако знаеле дека се добиени по сторено казниво дело.

Текстот Ги вработил и им давал плата без да доаѓаат на работа: кривична пријава за поранешен градоначалник на Кичево и четворица кичевци е превземен од МАКФАКС.