Во полициската станица Кисела Вода вчера во 12.15 часот бил извршен службен разговор со К.С.(39) од Скопје.

Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, тој физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и неговата 60-годишна мајка.

Надлежните соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Текстот Ги претепал сопругата и неговата мајка: насилство во Скопје е превземен од МАКФАКС.