Наградуваниот американски музичар и композитор на музика за филмови, телевизија и видео игри,Мајкл Џијачино, како и многу колеги од филмската индустрија не ја криеше тагата поради веста за смртта на хрватската актерка  Мира Фурлан, која изгради импресивна холивудска кариера.

Добитникот на  Оскар и Еми и трократен добитник на Греми во својата богата композиторска кариера ја запиша и работата на саундтракот за познатата серија „Изгубени“. Во неа од 2004 до 2008 година ликот на Французинката Даниела Русо ја  играше Фурлан. Во нејзина чест 53 годишниот композитор Џијачино ја посвети песната „Life and Death“ која свое место има на саундтракот од серијата „Изгубени“.
„За драгата Мира Фурлан. Почивај во мир“ – напиша тој на својот Твитер профил и сподели видеозапис во кој на клавир ја изведува споменатата нумера.