Во Северна Македонија има говор на омраза и анимозитет кон Бугарија и ЕУ, тврди познатиот македонски новинар Бранко Геровски во интервју за Тв Шења и порталот zoom.mk зборувајќи за реакциите во македонските медиуми по одлуката на Брисел да не даде датум за почнување преговори со Скопје.
„Откако стигна студениот туш од Брисел, за што и кенлерите во Скопје знаеја каква ќе биде одлуката, вие имате говор на омраза од типот на следниве сентенци. Имате изјава ваква, Европа и Бугарија решија да ги убијат сите Македонци или Европејците, како што кажуваат Бугарите со нивниот јазик, се шупци, се извинувам што морам да да го кажам овој збор. Ова е јазик на омраза, во најмала рака омаловажувачки говор“, изјави во интервјуто новинарот Геровски.
Тој појасни дека вакви глупости не доаѓаат од немиени вмровци, бандити или стоки, како што власта ги нарекуваа луѓето од опозицијата, туку од две сериозни пера, кои ја поддржуваат актуената власт, како што се новинарите Сашо Ордановси и Бранко Тричковски, кое поминува неказнето од власта.
Според него, Бугарија покажа дека говорот на омраза може да се решава ефикасно ако судството не е контролирана од власта спомнувајќи го примерот на бугарскиот граѓанин што ширел говор на омраза против жртвите од автобуската трагедија, кој експресно бил осуден со условна затворска казна од бугарските судови.
Освен тоа, Геровски смета дека во земјата има и антибугарски сентимент и анимозитет населеден од времето на железната завеса, која била исторсика трагедија затоа што двете земји не можеле да комуницираат и соработуваат.