Германскиот канцелар Олаф Шолц в сабота доаѓа во посета на Северна Македонија, како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан. Главни теми на средбите во Скопје и во Софија ќе бидат евроинтеграцијата на Северна Македонија, проширувањето на ЕУ и војната во Украина.
Германскиот канцелар во Скопје ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а планирани се и пленарни разговори на двете делегации. Предвидено е Ковачевски и Шолц да одржат заедничка прес-конференција.
Од Скопје германскиот канцелар заминува за Софија на средби со бугарскиот државен врв.
Шолц во рамки на балканската турнеја, претходно ќе ги посети Србија и Косово.