Бугарија, Хрватска и Романија ги исполнуваат условите за полноправно членство во Шенген зоната, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, јавува БГНЕС.
„Шенген зоната е едно од најголемите достигнувања на Европската унија и ние мора да го заштитиме и развиеме. Тоа, меѓу другото, значи и затворање на преостанатите празнини“, вели Шолц.
„Хрватска, Романија и Бугарија ги исполнуваат сите технички услови за полноправно членство. Ќе работам тие да станат полноправни членки“, истакнува германскиот канцелар Олаф Шолц.