Германскиот железнички оператор Дојче Бан соопшти дека саботажа ги предизвикала големи проблеми со железничката мрежа на север во државата, јави ДПА.
„Саботажа на кабли што беа од витално значење за железничкиот сообраќај значеше дека Дојче Бан мораше да ги запре возовите што сообраќаат на север утрово на речиси три часа“, соопшти операторот. Безбедносните власти ја презедоа истрагата, соопшти Дојче Бан.