Експерт за вируси од Берлин рече дека ова лето во Германија може да има олеснување на рестриктивните мерки.
Мислам дека ќе го видиме ефектот што може да се припише на вакцинацијата за прв пат во јуни – рече за телевизијата ЗДФ во неделата вечерта Кристијан Дростен, директор за вирусологија на универзитетската болница во Берлин.
На прашањето за годишни одмори, отворање тераси во ресторани и скара со пријатели, тој објасни дека многу работи сега можат да се дозволат на отворено.
Но, Достен предупреди дека не треба да се паѓа под чувството на „целосна еуфорија“ прерано. Тој истакна дека колективниот имунитет ќе ја подобри состојбата наесен, но предупреди дека „болеста нема да исчезне наесен“.
Невакцинираните лица ќе продолжат да се заразуваат и да се разболуваат, но нема да има повеќе неконтролирано ширење на вирусот, додаде тој. Новиот бран на коронавирусни инфекции, кој ги мачи германските власти од ноември, се чини дека се намалува, со оглед на седумдневната стапка на инциденца, која се намалува веќе две недели. Според Институтот за контрола на болести Роберт Кох (РКИ), бројот на нови инфекции на 100.000 жители за седум дена бил 118,6 во неделата навечер на национално ниво, што е помалку од 146,5 претходната недела.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.