Вчеравечер во 19:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го уапсиле Е.М.(31) од Германија .

При гранична контрола било констатирано дека патничкото возило „бе-ем-ве“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, евидира во базата на Интерпол како украдено.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава./Макфакс

Текстот Германски државјанин со украдено „бе-ем-ве“ фатен на границата со Косово е превземен од МАКФАКС.