Владината прес служба информира дека утре во посета на Република Македонија ќе биде министерката за Европа при Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман.
Владината делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Македонија ќе оствари средба со германската министерка за Европа Лирман, по што следуваат две билатерални средби со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и министерот за надворешни работи.
Како што се наведува во соопштението во фокус на разговор ќе бидат билатералните односи меѓу двете земји, економско-политички прашања како и европската перспектива.