Германската фабрика „Дрекслмаер” што вработува работници од Тиквешкиот, но и поширокиот регион, обезбеди постелнини за болниците во Кавадарци, Куманово, Велес, Прилеп и Здравствен дом Неготино, во пресрет на светскиот ден на здравјето, информираа попладнево од оваа кавадаречка компанија.
– Постелнините се веќе распоредени во медицинските оддели во овие здравствени установи, а целта е подобрување на условите за престој на пациентите и унапредување на здравствените капацитети. Драго ни е што имаме можност долгорочно да соработуваме, да ги поддржуваме јавните здравствени установи, секогаш согласно нивните и потребите на пациентите и да дадеме свој придонес, за поттикнување на свеста за заштита на здравјето, соопштија од германската фабрика.