На пријателскиот натпревар помеѓу олимписките репрезентации на Германија и Хондурас, дојде до скандал. Средбата во јапонскиот град Вакајама беше прекината во 85. минута при резултат 1:1. Репрезентацијата на Германија целосно го напушти теренот по расистичката навреда од играч на Хондурас кон дефанзивецот Џордан Торунариги.
На Олимписките игри во Токио, Германија ќе игра во групата Д со Бразил, Брегот на Слоновата коска и Саудиска Арабија.
Хондурас ќе игра во групата Б со Кореја, Нов Зеланд и Романија.
Олимпискиот турнир во фудбал започнува на 22 јули.