Германската метеоролошка служба издаде предупредување за „црн мраз“, мраз на патиштата во областа од Хамбург до централна Баварија и низ целата покраина Северна Рајна-Вестфалија.
„Избегнувајте непотребни патувања и останете во затворен простор колку што е можно повеќе“, се вели во соопштението, пренесува „Билд“.
Во текот на ноќта во Германија се случија голем број сообраќајни несреќи поради мраз на патиштата, според медиумот.
Надлежните служби во покраината Баден-Виртемберг објавија дека имало неколку сообраќајни несреќи предизвикани од мраз.
Во делови од Баварија, многу патишта ќе останат затворени денес поради ризик од паѓање дрвја или кршење гранки, пренесува Танјуг.
Текстот Германија со предупредување за „црн мраз“ на патиштата е превземен од МАКФАКС.























