Германија ги поддржува напорите на новиот министер за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, за деполитизација на администрацијата.
Таа е од есенцијална важност во ефективната борба против непотизмот и корупцијата. Токму таа тема беше основниот акцент во разговорите на амбасадорката Анке Холштајн која го посети новиот министер Алити.