Шефот на диполматијата Бујар Османи од денес е на европска турнеја.
Германија, Полска па на крај Словенија, според информациите од кабинетот на министерот за надворешни работи се земјите во кои Османи ќе има билатерлани средби со високи претствници и функционери од тие земји,
Во Германија, Османи денес го пречекува неговиот колега Хајко Мас а ќе се сретне и со Михаел Рот како државен министер надлежен за Европа.
По Германија, следна дестинација за Османи е Полска каде ќе учествува на „Безбедносниот форум во Варшава“ и ќе има средби со полскиот министер Збигњев Рау и други значајни претставници.
Во Словенија со учество на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо Османи ќе ја заврши турнејата.