На 1 јули Германија ќе го укине предупредувањето за патување во повеќето земји, освен во оние каде што процентот на заразени е сè уште е висок, објави Министерството за надворешни работи.
„Можеме да го укинеме општото предупредување за патниците во ризични области каде што фреквенцијата седум дена по ред е помала од 200. Оваа мерка ќе се применува од 1 јули и низ целиот свет“, објави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.
Оваа симболична мерка ќе го олесни патувањето и туризмот во летната сезона.
„На многу места, бројот на заразени лица се намалува, а се повеќе граѓани се вакцинираат. По долги месеци затворени граници, можеме да очекуваме да се вратиме во одреден вид нормалност, а тоа важи и за патувањата“, вели Мас, но повика на претпазливост и почитување на мерките.
Но, ограничувањата и натаму остануваат на сила за земјите кои сè уште имаат голем број на заразени и голема фреквенција на соеви на вирусот, како што се Велика Британија или Индија.