Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 12.497, односно вкупно 1.921.024 лица, покажуваат денешните податоци на институтот „Роберт Кох“.

Од коронавирус починале уште 343 лица, а вкупниот број на смртни случаи од почеток на пандемијата е 40.686, пренесува Ројтерс.