Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска изрази „солидарност“ со Израел и повика на прекин на огнот со Хамас.
Сметаме дека она што го прави Израел (во Појасот Газа) е покриено со правото на самоодбрана, рече Мас на заедничката прес-конференција во Тел Авив со израелскиот колега Габи Ашкенази.
Израел сега го користи тоа право и тоа значи дека не смее да дозволи системите што ги напаѓаат израелските цели да продолжат да функционираат, додаде тој, осврнувајќи се на конфликтот меѓу Израел и Хамас кој почна на 10 мај.
Дозволете ми да повторам многу јасно, за нас, безбедноста на Израел и со тоа безбедноста на сите германски Евреи не е нешто за што може да се преговара и Израел секогаш ќе може да смета на тоа, нагласи тој.
Но, „бројот на жртви расте секој ден и тоа многу нè загрижува“, додаде Мас.
Затоа ги поддржуваме меѓународните напори со цел да се прогласи прекин на огнот и ние сме подеднакво убедени дека, во интерес на населението, насилството мора брзо да заврши, истакна шефот на германската дипломатија.
Маас вечерва ќе се сретне и со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамала на Западниот брег, но нема да зборува директно со Хамас, кој ЕУ го смета за терористичка организација.