Германија планира да издвои помеѓу 20 и 30 милијарди евра за фондот за санирање на последиците од катастрофалните поплави, најави денеска Армин Лашет, лидерка на Христијанско -демократската унија и гувернер на најнаселената германска провинција Северна Рајна -Вестфалија.
Според извори на западни медиуми, информирани за содржината на разговорите за санација на последиците од поплавите, во фондот ќе бидат уплатени 20 милијарди евра, што е двојно повеќе од првичната проекција.
Северна Рајна -Вестфалија, како и јужната провинција Рајнска област-Пфалц, беа силно погодени од поплавите минатиот месец, најразорни во изминатте 50 години. (МИА)