“Ова е добра вакцина, веројатно ќе биде одобрена во ЕУ во одреден момент. Руските научници имаат многу искуство со вакцините. Спутник V е умно направен”, рече Томас Мертенс, претседател на Германската постојана комисија за вакцинација (СТИКО) , што одобрува употреба на вакцини во Германија.

Европската агенција за лекови (ЕМА) во моментов ја тестира руската вакцина. Досега ги одобри вакцините од „Pfizer / Biontech“, „Moderna“ и „AstraZeneca“, а на 11 март ЕМА се очекува да одобри употреба на вакцини од американскиот производител „Johnson & Johnson“.

– Advertisement –

Мертенс рече дека е сигурен оти наскоро ќе има вакцина против коронавирусот и за деца. До денес, вакцините се користеат само за оние над 18 години, а во моментов се спроведуваат студии за тоа како вакцините влијаат на децата. Но, Мертенс не се осмели да предвиди дали вакцинацијата на малолетници би можело да започне пред крајот на оваа година.

Прикажи повеќе