Инспекциските служби на Општина Центар спроведоа вонредни инспекциски надзори на плоштадот „Филип Втори“ и на влезот на Старата скопска чаршија.
При контролата беше утврдено постоење на повеќе диво поставени и заградени објекти.
За истите се донесени решенија за нивно отстранување, во рок од 5 дена.
Доколку сопствениците не ги отстранат објектите во наведениот рок, Општина Центар ќе пристапи кон нивно отстранување.
Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека општината останува посветена на одржување на јавниот ред и достоинствениот изглед на строгиот центар на градот.
„Општина Центар нема да дозволи узурпирање на јавен простор. Ќе продолжиме со континуирани контроли за да го зачуваме редот, безбедноста и автентичниот изглед на просторот,“ посочи Герасимовски.
Текстот Герасимовски: Отстрануваме 10 диво поставени објекти, нема толеранција за кршење на законите е превземен од МАКФАКС.






















