Општина Центар информира дека комплетно е исчистен сметот на улицата „50 Дивизија“, околу Зелениот пазар и спроти Собранието. Општинските служби, две недели интензивно работат за подигнување на хигиената на повисоко ниво.
„Пред две недели почнавме со голема акција за чистење на Центар, откако Комунална хигиена ги остави контејнерите преполни со смет на улиците кадешто има надлежност. Секој ден, во две смени, нашите вредни хигиеничари ги чистат улиците и го креваат сметот од улиците кадешто Општина Центар и има, но и нема надлежност, за да им овозможиме на центарци чиста и уредна околина. Центар не чека, Центар чисти“, истакнува Герасимовски.
Од Општина Центар ги повикуваат граѓаните да пријавуваат смет и дива депонија на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.
„Нашите служби веднаш ќе излезат на терен и ќе се погрижат за хигиената во општината“, дополнуваат оттаму.