Во последниве денови се пишуваше многу за Кристијано Роналдо, особено откако Масимилијано Алегри повторно седна на клупата на Јувентус.

Роналдо е поврзан со ПСЖ, се споменува неговото враќање во Манчестер Јунајтед, некои медиуми од Апенините тврдат дека тој веќе им рекол на своите соиграчи дека заминува.

Георгина зборуваше и за неговата иднина на улица додека таа шеташе со една од нејзините пријателки.

Фановите не успеаја да се воздржат, а да не ја прашаат ошто ќе се случи со нејзиниот партнер и добија јасен одговор.

На прашањето дали Роналдо останува во Јувентус, Георгина се сврте и со насмевка на лицето рече дека ќе остане. Колку има вистина во тоа, времето ќе покаже.

Роналдо постигна 101 гол за Јуве на 133 натпревари, ги освои сите домашни трофеи во Италија, но се уште ја нема Лигата на шампионите за која е донесен.

Алегри сака да го изгради тимот на Јувентус околу Дибала, се очекува да пристигнат уште неколку засилувања, поради што се споменува и можно заминување на славниот Португалец.

Наводно, новиот тренер на Рома, Мурињо го поканил Кристијано и сакал да слушне кои се неговите намери за продолжување на кариерата и му предложил да дојде во Рома.

Минатата сезона Роналдо заврши како најдобар стрелец во Серија А со 29 погодоци, а откако пристигна во Јувентус во 2018 година, тој постигна 101 гол на 133 настапи.

Мурињо и Роналдо еден период соработуваа во Реал Мадрид и Специјалниот никогаш не криеше дека го смета својот сонародник за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.