Како и многу светски познати инфлуенсери, Георгина е обожавател на чантите „Birkin“ од брендот „Hermés“. На социјалните мрежи веќе се пофали дека поседува неколку од нив, а сега ја покажа и најновата во нејзината скапа колекција.

27-годишната Георгина Родригез на својот инстаграм-профил често објавува фотографии позирајќи во луксузниот приватен авион, а овој пат друштво ѝ правеше славниот фудбалер и нејзин свршеник Кристијано Роналдо.

На фотографијата што ја објави неодамна, Кристијано лежи и одмара за време на летот покрај својата сакана. Но, она што многу следбеници го забележаа, покрај згодниот пар на фотографиите, е секако чантата што свршеницата на Роналдо ја држеше во нејзиниот скут.

Како и многу познати инфлуенсери, повеќе од очигледно е дека Георгина ги обожава чантите „Birkin“ од брендот „Hermés“ кои ги поседува во различни бои и форми, а сега се пофали и со најновата. Новата сина чанта на Георгина, се проценува на околу 18 илјади фунти.

Но, тоа не е ништо во споредба со чантата со која неодамна позираше, направена од крокодилска кожа која чини околу 70 илјади долари

ФОТО: Георгина Родригез позираше пред приватен авион, еден скапоцен детаљ го привлече вниманието на многумина

Георгина неодамна потпиша договор со „Netflix“ за новo шоу кое едноставно ќе се вика „Георгина“. Полу документарното, полу ријалити шоу ќе го следи нејзиниот секојдневен живот и ќе ни даде увид во семејната динамика со светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо.