„Влезот на Бугарите во македонскиот уставот е последниот услов, што е проблематично и во вториот услов добрососедство овие протоколите еднаш излегуваат дека се дел од преговарачката рамка друг пат дека не се дел од преговарачката рамка“, рече Љубчо Георгиевски во вечерашната Топ Тема, пренесува Трибуна.
Тој потсети дека порано се предлагало Македонија да направи комисија колку македонски Бугари биле затворени после 1945 година, но таа комисија воопшто не била формирана.
„Пред Францускиот предлог, треба сериозно да се разговара со бугарската страна и тоа не треба да биде чудно и неприфатливо. 15 – 20 историски настани заеднички да се слават, а зошто да не се слават? Сега времето е истечено треба да чекаме да се случат новите избори. Во Македонија ние цело време се бориме за македонскиот идентитет ние колку повеќе се бориме се повеќе го губиме, од демографски, економски, па до културно забавен спортски живот, се воодушевуваме на други музики. Да не испадне во големата битка за одбрана на македонскиот идентитет сме се „самоотепале“. Македонија не 50 милијарди евра, како на Украина што треба да и бидат доделени, туку пет да добие ние ќе направиме космички промени“, смета Георгиевски.























